Северина викендов ќе му пее на најбогатиот Македонец

Популарната Хрватска пејачка Северина овој виќенд со голема програма во Скопје.
Имено таа во петок ќе пее во Штип, поточно сопственикот на штипската винарија Еземит ја носи Северина да ги забавува гостите. А потоа продолжува во Скопје за да му пее на најбогатиот Македонец Орце Камчев, кој прави роденденска забава на Систина во летната дискотека „Привилиџ“.
Нејзиниот список на барања е дека Газдата од Штип ќе треба да ја земе од скопскиот аеродром, а на масата каде што ќе седи да има квалитетни вина и шампањ „Моет“, и секако обезбедување пред вратата каде што ќе спие.
Сумата која таа ја побарала неофицијално изнесува 30 000 евра од забава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









