Половина Скопје ќе биде без вода повеќе од 20 часа

Од Водовод и канализација ги известуваат граѓаните на Град Скопје дека ЈП Водовод и канализација – Скопје планира акција за изведување на приклучок за новата пумпна станица во Шуто Оризари. Акцијата ќе се изведе на 01.06.2016 година, почнувајќи од 01:00 часот и се очекува да заврши околу 22:00 часот истиот ден.
Тоа значи дека во текот на целиот ден без вода ќе останат корисниците од следните населени места: Бардовци, Визбегово и индустриската зона покрај Качанички пат, Шуто Оризари, Бутел 1, Бутел 2, населба и село Радишани, Кучевичка бара, Чаир, Скопје-Север, Касарна Илинден, Топанско поле, високата зона на Кале (Француски гробишта), високата зона на Гази Баба, населба Железара, индустриските корисници во кругот на Рудници и железарница и високата зона во Автокоманда.
Во овие зони ќе бидат мобилни и 4 цистерни за вода.
Фиксни локациите за две цистерни на ЈП Водовод и канализациа – Скопје ќе бидат:
Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир
Во кругот на Поликлиника Железара – Центар за дијализа.
Другите 2 цистерни ќе гравитираат зависно од потребите на граѓаните, односно во текот на акцијата ќе се процени кои зони имаат најмногу потреба од овие цистерни, а со што и граѓаните навремено ќе бидат дополнително известени.
Се известуваат корисниците од овие населби да обезбедат потребни резерви на вода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









