АПСУРДИ: ДУИ бараше Уставен да ја поништи одлуката за која гласаше
Серија апсурди и парадоксални состојби во македонската политика откри одлуката на Уставниот суд да ги запре изборите во Македонија.
Иницијативата до Уставниот суд ја достави партијата ДУИ. Интересно е дека истата таа партија гласаше за одлуката за распуштање, а потоа, побара Уставен да оцени, дали бил прекршен Уставот со нивното гласање.
Но тоа не е ништо ново во политиките на ДУИ. Од партијата која секој ден по исти прашања има различни ставови ваквите чекори можеби и не се изненадување, но под знак прашалник се става, што се случи со Уставниот суд.
Тој денеска прифати иста иницијатива каква што одби пред неколку месеци кога ја достави пратеникот Павле Трајанов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа