ЕВН најави исклучувања - проверете дали ќе останете утре без струја

Дел од општините Студеничани, Сарај и Шуто Оризари утре, во одреден период од денот, ќе останат без струја.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на ЕВН, корисниците од село Љубош, општина Студеничани, нема да имаат електрична енергија од 8:30 до 14:30, додека корисниците од улиците Дринска, Виничка, Вашингтонска и Нов Живот во општина Шуто Оризари, и од село Долна Арнакија во Сарај, од 9:30 до 15 часот.
07.05.2016 - 11:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









