Шабан Шаулиќ го тепале со столица - му летнала периката на другата маса

Пред 32 години, во младоста, се степале Ера Ојданиќ и кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ. Според она што Ојданиќ го открил за еден српски магазин, тој со Шабан се степал во далечната 1984 година.
„Инцидентот се случи во хотелот „Сонце“ пред 32 години. Го тепав Шабан како вол, го мавав со столица, но и тој возврати на ударите“, раскажал Ера и додал дека инцидентот се случил на роденденот на Зорица Брунцлик.
Шаулиќ прв го удрил Ера, а тој фрлил со столица по него. Никој од гостите не успеал да ги раздвои, а на Шаулиќ од ударот му летнала периката на масата во близина.
Утредента Ера се плашел дека Шаулиќ ќе го удави во базенот, но тие само прекинале да комуницираат.
Се сретнале по долги години и се смириле.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









