Ако оваа девојка тропне на вашата врата, не отварајте бидејќи ве чека...

 

Морничавата приказна за оој древен женски дух кружи по светот уште од почетокот на 11. век. а последна „средба“ со неа е забележан во 1948 година. 

Банши е женски  дух во келтската митологија, сепак пред да ја прочитате оваа приказна отфрлете ја како суеверие на простиот народ и треба да знаете дека идентичен дух се појавува и во нордските преданија, а последен пат е „виден“ во 1948 година. 

По легендата, станува збор за вила која се појавува кога треба некој да почине. Таа доаѓа навечер и со гласно лелекање, а следното утро некоја личност умира. 

Според приказната, прв кој  ја видел оваа вила бил ирскиот крал Брајан Бору во 1014 година. Додека со војската бил во шумата , тој ја сретнал старата жена која перела облека во крв и плачела. Следниот ден е пронајден мртов во својот двор. 

Некои велат дека таа не е злобна, туку само ја претскажува смртта. Други пак мислат дека нејзината судбина била болна и напатена па поради тоа кука. Трети пак веруваат дека станува збор за злобна сила која доаѓа до куќата на оној кого сака да убие и на врата тропа три пати. Ако несреќникот отвори врата, банши ќе го убие и ќе му ја земе неговата душа, пишува порталот Viralnova.

Во текот на годините имало многу луѓе кои тврделе дека го  слушнале плачот на ова битје. Научниците мислат дека тоа може да биде птица која настанува во шумата во која Банши наводно е видена. Сепак, оние кои тврдат дека слушнале плач велат дека звукот кој го испуштаат приците не е сличен на оној кој го слушнале тие. 

 

 
 
03.05.2016 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега