Проклеството на реалните шоуа: Влегуваат да заработат пари, а ги изгубиле најмилите

 

Учеството во реалните шоуа има доста убави и помалку убави моменти, но вест за нечија смрт сигурно е она што најмногу го возбудува секого.

Тој момент е навистина стресен. Продукцијата прво кажува дека се случил смртен и дека некој го напушта реалното шоу, а тек после неколку минути се дознава за кого се работи.

Со таква вест последен се соочи Змај од Шипово, кој вилата ја напушти поради трагедија во семејството. Имено, него му загина братот, Рајко.

Сани во текот во на учеството во Фарма, се сретна со 2 смртни случаји. Прво почина неговата, а само што се врати, после 24 часа јавено му е дека починал и брат му.

На Зорица Марковиќ и беше соопштено дека ја изгубила својата тетка. Кога ја прими веста, пејачката беше доста потресена, бидејќи прво помисли дека се работи за мајка и или сестра и.

Весна Ривас во текот на учеството во Парови ја доби веста за починувањето на нејзината мајка. Весна го напушти ова шоу, а покасно изјави дека смртта ја предвидела на карти.

Јована Томиќ преживеа шок кога во вилата на Парови пристигна вест дека и починало внучето, старо само три месеци. Покасно таа се средна со уште смртен случај.

Вук Моб исто така ја напушти вилата на Парови поради смртен случај.

Во текот на претходната сезона на Фарма, Самир Џанковиќ, го напушти реалното шоу поради смртен случај во семејството. Починал неговиот чичко, а тој после погребот се врати во Фарма.

Пејачката Даниела Стојиљковиќ Ела, во последен момент се откажа од учеството на Фарма. Имено, на нејзе пред нејзиното влегување таму, и почина сопругот.

Бора Дрљача ги напушти Парови, откако пристигна веста дека починал неговиот брат.

 

 

 

 
 
02.05.2016 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега