Принцезата Шарлот го слави првиот роденден

- Шарлот Елизабет Дајана е родена на 2 мај 2015 година, а Кејт Мидлтон денеска објави четири фотографии од малото девојче, со цел да го одбележи роденденот на својата ќерка.
- На војводата и војводката им е многу мило што со светот можат да ги поделат овие важни семејни моменти и се надеваат дека сите ќе уживаат во овие прекрасни фотографии, изјави портпаролот на Вилијам и Кејт.
Приватноста на принцезата Шарлот се чува мошне внимателно, така што девојчето лани е покажано само еднаш во јавноста, за време на крштевањето.
02.05.2016 - 12:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









