Оваа мајка пред пет години сподели фотографија од своето новороденче – зошто денес многу се кае?

 

Кога Тијана Бановиќ од Рашка, Србија објавила фотографија од својата новородена ќерка на некој форум на интернет, не ни помислила дека токму таа фотографија ќе го обиколи светот. И тоа од сосема погрешна причина.

bebe slika

Горда на тоа што станала мајка, Тијана неколку месеци по породувањето напишала приказна за своето искуство во бременоста и ја објавила фотографијата од својата ќерка.

После скоро пет години истата фотографија ја видела на Фејсбук страница која ја следат преку 105.000 корисници, со коментар кој би требало да ги мотивира корисниците на оваа друштвена мрежа да ја лајкуваат и споделуваат.

1bebe slika

– После прошетка со децата седнав пред компјутерот и видов дека пријателката ме означила на мојата фотографија од породилиштето. Бев шокирана, бидејќи под фотографијата од мојата ќерка стоеше коментар дека е штотуку родена и на основа на таа фотографија бараа лајкови. Ги контактирав администраторите на страната повеќе пати, но не ми одговараа. Потоа во коментар под сликата ги прашав зошто ја користат приватноста на моетосемејство, ме блокираа, а прашањето го избришаа, – изјавила Тијана.

Наскоро фотографијата од нејзината ќерка се раширила на социјалните мрежи, бидејќи оваа страница не била единствена на која е објавена. Еден од администраторите и се јавил на Тијана и и оправдувал дека фотографијата не е симната од нејзиниот Фејсбук профил, туку од некој форум каде е објавена пред пет години, а содржината се уште е видлива и слободна за користење.

 
 
30.04.2016 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега