Знаете ли за што служат нитните на џебовите од фармерките?

Во 1879 година се родија фармерките и станале хит кај фармерите и рударите за злато. Тие не можеле да се искинат, но џебовите постојано ги носеле на кројач да им ги закрпи.
Кројачот Џејков Дејвис имал идеја да ги кове џебовите со бакарни нитни, за да бидат поиздржливи.
Бил свесен дека неговата идеја е генијална, но немал пари за да го патентира својот изум.
Затоа заминал кај дистрибутерот на тексас Леви Штраус и му дал понуда заедно да започнат со производство на џинс панталони со нитни.
Работниците во Сан Франциско и цел свет биле воодушевени од тоа колку практични и долготрајни се фармерките со нитни и почнале да се продаваат како алва.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









