Познати составите за дуелот Вардар – Веспрем

 
 
Македонскиот шампион Вардар и унгарскиот првак Веспрем попладнево од 16 часот во Спортскиот ценар „Јане Сандански" го играат првиот меч од четвртфиналето во ракометната Лига на шампиони. 
 
Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалес ги има речиси сите расположливи сили, освен повредениот Филип Лазаров, кој неодамна почна да тренира.
 
Во составот на Вардар пријавени се: Штербик, Ангелов, Милиќ, Абутовиќ, Брумен, Циндриќ, Дибиров, Душебаев, Горбок, Карачиќ, Манасков, Македа, Марсениќ, Шишкарев, Стоилов, Тоскиќ.
 
Гостите од Унгарија ќе настапат со: Алиловиќ, Гулаш, Илиќ, Иванчик, Лекај, Маргуч, Миклер, Наги, Нилсон, Палмарсон, Родригес Вакеро, Шух, Слишковиќ, Сулиќ, Терзиќ, Угалде.  
 
За Вардар ова е трето четвртфинале во низа и нова шанса за да се направи најголемиот чекор за пласман на фајнл фор во Келн.
 
 
23.04.2016 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега