Италијански рецепт за посни денови

 

Рецепт за посните денови, на италијански начин.

Состојки:

-конзерва туна на парчиња

-250 мл. посен мајонез

-Лажица сенф

-0,5 кг бел компир

-100 гр. црни маслинки

-50 гр. мелени ореви

-сол

-бибер

Припрема:

Излупете го компирот, исецкајте го на кофци и сварете го во солена вода само внимавајте да не се превари.

Туната исцедете ја од маслото и измешајте ја со мајонезот, сенфот и оревите.

Сварениот компир исцедете го и ставете во веќе приготвениот сос со туната и мајонезот.

На крај додајте ги маслинките и се тоа убаво помешајте.

 

 
 
22.04.2016 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега