Решена една од најголемите загатки на природата

Научниците веруваат дека откриле како работи внатрешниот компас на кралските пеперутки, односно како просторно се ориентираат за време на миграцијата секоја есен и летаат баш во правец југозапад.
Имено, никогаш не било објаснето како мозокот на пеперутките ги прима и процесира информациите за локацијата, односно како знае каде треба да лета.
Секоја година кралските пеперутки летаа илјадници километри од северот на американскиот континент, од Канада во топлото Мексико. Се работи за навистина посебен вид на овие прекрасни инсекти - во една година живеат дури четири генерации, а најдолго живее генерацијата која учествува во преселбата која почнува во рана есен.
- Компасот на пеперутките им дава две информации - кој дел од денот е и која е позицијата на Сонцето, со што знаат каде е југ. Сакавме да знаеме како кралската пеперутка ги процесира овие две различни информации и секоја есен лета кон југозапад, кажа Ели Шлизерманоф, водачот на истражувањето.
Монарсите ги користат своите големи очи за да ја видат позицијата на сонцето но тоа не им е доволно да го одредат правецот на летање- им требаат информации за тоа кој дел од денот е. Како и сите други суштества, имено, имаат свој внатрешен биолошки часовник, кој ги одредува физиолошките потреби и однесување во одредено време од денот.
Кралската пеперутка има и единствен механизам - точка на раздвојување која контролира дали треба монархот да тргне лево или десно за да го фати правецот кон југозапад. Како што се менува денот, така се менува и позицијата на таа точка во видното поле на пеперутката.
Овие пеперутки никогаш не ја поминуваат точката на раздвојување, поради што никогаш не летаат по пократок пат до целта, а и ако случајно скршнат од патот, враќањето е споро и долготрајно, пишува Телеграф.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









