Драма во домот на познатата пејачка: Манијак ја нападнал со нож додека спиела

 

Британската пејачка Лили Ален откри дека манијак ја следел седум години и дека на крајот за малку ќе ја убиел во нејзината куќа.

Манијакот Алекс Греј бил опседнат со пејачката и цели седум години и оставал пораки, и испраќал твитови и се заканувал дека ќе си го одземе животот поради неа.

Сето тоа го достигнало врвот кога среде ноќ влегол во нејзината куќа и се обидел да ја убие со нож додека спиела, пишува Индепендент.

Ален, опишувајќи ја таа ноќ, се потсетува дека била дома со нејзините две деца и дека ја разбудило тропањето по ѕидот.

- Седнав на креветот и видов како се отвора вратата. Човекот влезе во собата, не знаев кој е тој. Го повлече покривачот од мене, ми зборуваше дека сум глупава и прашуваше каде е неговиот татко, наведе пејачката.

Напаѓачот имал нож во јакната, по што подоцна на полицијата и потврдил дека планирал да и го избоде лицето на Ален.

Пејачката ја спасило тоа што во нејзината куќа била и една нејзина пријателка, која успеала да го избрка напаѓачот.

Ален вели дека е разочарана од реакцијата на полицијата која не ги сфаќала сериозно заканите на напаѓачот и не ја советувала како да се заштити себе си и децата. Сепак, таа не поднесе тужба против напаѓачот сметајќи дека е психички болен и дека системот е тој кој ја изневерил.

Таа откри дека нападот и го променил животот.

- Почнав да се сомневем во се, имам проблеми со довербата. Тоа влијаеше на моите врски, на се. Практично сега сум самотник, ијзави Ален за весникот.

 
 
18.04.2016 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега