Кајмакоски во солзи на сцената на "Твоето лице звучи познато"

 

Нашиот претставник на „Твоето лице звучи познато“ Даниел Кајмакоски, се расплака на сцената.

„Продукцијата нè замоли да пратиме наши фотографии кога сме биле деца. Тогаш се присетив на сите убави мигови што ги имав како дете, се потсетив на преселбата од Струга во Виена и на сето она низ што помина моето семејство. Да имаш шест години и Охридско Езеро да го замениш за асфалтот во Виена – доживуваш вистински емотивен шок. А јас сум емотивен човек и не го кријам тоа, исто како што не ги кријам и солзите“, открива Даниел Кајмакоски, еден од фаворитите во хуманитарниот натпревар „Твоето лице звучи познато“, кој во најновата епизода на шоуто ќе приреди вистински спектакл.

 
 
16.04.2016 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега