Бебенце родено без големиот мозок: За вториот роденден направило нешто неверојатно ...

Некои болести се присутни од самото раѓање, некои вообичаени, некои ретки. Сепак, некои од нив се толку страшни што не оставаат ниту најмала трошка надеж.
Сепак, некои луѓе по природа се борци и може да се справат со сето она што ќе им се појави на патот! Таков борец е роден пред три години без голем дел од мозокот, а она што неодамна го направи покажа дека може да се постигне се со борбен дух.
Ова е приказна за Арон Мареј двегодишно момче од Шкотска.

Момчето кое преживеа!
Само неколку минути по раѓањето на Арон во 2013 година лекарите на 24 годишната Еми и соопштиле дека детето има редок синдром на холопросенцефалија, деформација на мозокот и лицето „неспоиви со животот“. Арон имал само мал дел од мозокот.
Уверена дека нема да преживее, Ема во болница ги повикала семејството и најблиските пријатели за да се простат од новороденчето.
Но Арон ги побил сите предвидувања на лекарите. Тој сака да си игра и гуга со својот постар брат, 4-годишниот Џек.
- Лекарите по породувањето ми рекоа дека нема да живее долго, но не прецизираа колку. Рекоа дека да бил во прашање друг орган што недостасува, би му пресадиле, но мозок не може. Арон сепак од самиот почеток се покажа како вистински борец, вели пресреќната мајка.

- Ме погледна и ми рече „мама“. Не можев да верувам. Кога се роди ми рекоа дека засекогаш ќе биде ментално на ниво на новороденче, но тој веќе покажува напредок. Опкружен е со љубов од сите страни, а посебно од постариот брат кој пред спиење му пее песнички, рече Ема.
12.04.2016 - 12:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









