Го проверувал мејлот секој ден: А тогаш му стигнала порака од татко му, кој починал пред две години

 

Ожалостениот син примил мејл од својот татко кој поичинал две години пред да стигне пораката, а содржина ја подели со корисниците на Редит.

Пораката започнува со следниве зборови.

Здраво сине, ти зборам од гроб, ууууууу. Секогаш сум кажувал дека ќе се вратам и ќе те прогонувам. Сериозно, додека ти го читаш ова, јас одамна сум заминат. Се надевам дека успешно си се прилагодил на животот без стариот и дека и помагаш на својата мајка во тоа. Имам потполна доверба во тебе дека се грижиш за мајка ти добро, како и јас што се грижев. Имам некои мисли кои сакав да ги споделам со тебе, а не стигневме да разговараме последните месеци додека бев присебен. Се надевам дека при тоа те забавував сум непристојни халуцинации или неповрзани глупости. Прва работа која сакам да ти ја кажам е колку сум горд на тебе, се зборовите кои стојат во пораката пратена преку интернет страната FutureMe, која работи за услуги на луѓе кои сакаат да пратат меил во иднината.

Иако пораката продолжува, синот не сакал да целиот меил да го подели со јавноста, затоа што смета е премногу личен, но сакал да покаже колку го израдувале зборовите од неговиот татко, па им се заблагодарува на тие кои ја направиле оваа апликација.

 
 
10.04.2016 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега