ФОТО: Фотката од овие девојчиња болни од рак ги рапслака сите - вака изгледаат тие две години подоцна

Фотографијата од трите девојчиња кои се бореле со ракот во 2014, јавиде цел свет. Rheann Franklin (8), Ainsley Peters (6) i Rylie Hughey (5) се запознаа пред објективот на фотографките Лори Скетлинг и Кристи Гуџер, а заедничко им е што сите три беа заболени од различни облици на рак. Реан тогаш била во завршна фаза на хемотерапијата, а храбро се согласи да позира со другите девојчиња.
„Силата понекогаш доаѓа од сознанието дека не сме сами“, пишуваше покрај фотографијата.
Две години подоцна Лора се одлучи повторно да ги собере девојчињата, а промената ги изненади сите. Сите три го победиле ракот, но и понатаму одат на редовни контроли, пишува Today.com.
Иако ја изгубила косата, а очите и спуштени по тешката битка со туморот на мозок, Реан денеска е среќно девојче.
Девојчињата уште еднаш се фотографираа кај Лори, како би покажале колку нивните животи се промениле.

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









