Оставила писмо и бебе пред туѓа порта: Мамо, нема да ти се налутам само те молам дојди да те видам

Маја Ковачевиќ на Фејсбук сподели писмо на својата мајка кога го оставила во далечната 1979 година, на прагот од една зграда во Славија.
Маја покрај писмото, во коментарите открила кој ја пронашол, но ги открила и нелогичностите на нејзината потрага по биолошката мајка.
Таа тврди дека полициски записник не постои. Само кривична пријава која ја напишал полицаец кој го вршел увидот. Полицаецот и родителите кои ја посвоиле живееле во иста зграда, за што Маја се сомнева дека е случајност.
"Ги молам сите кои ме познаваат, а и оние кои не ме познавааат да ми помогнат да ја пронајдам својата биолошка мајка. Родена сум 09.01.1979. Пронајдена сум 14.01.1979 во станбена зграда на Делиградска 13 во Славија, Белград. Покрај мене било и ова писмо кое наводно го оставила мојата мајка.
Однесена сум подоцна во Звечанска каде подоцна сум посвоена. Веќе со години се обидувам да дојдам до вистината како тој 13 јануари сум се нашла во таа зграда и кој ме донел и оставил. Сите мои досегашни обиди се неуспешни. Затоа вас уште еднаш ве молам ова мое писмо и текст да го споделите па можеби ќе се пронајде некој кој ќе може да одговори на моите прашања.
Сакам само да напоменам дека која и да е причината поради тоа што сум оставена нема да се лутам бидејќи највеќе од се сакам да ја пронајдам мојата биолошка мајка и да знам која сум јас, дали имам можеби брат, сестра. На сите кои ќе го споделите ова однапред се заблагодарувам на издвоеното време и трудот да ми помогнат."
06.04.2016 - 15:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









