„Срам ми е што уште сум жива кога ќе видам кој се умре“

 

Српската актерка Мира Банјац вели дека и е срам што е уште жива кога толку нејзини колеги заминаа на оној свет. 

Славната актерка признава дека многу тешко ја поднела разделбата од Драган Николиќ, Маринко Маџѓаљ, Ружица Сокиќ, Бора Тодоровиќ и многу други, и понатаму се уште не може да сфати дека повеќе ги нема.

- Претешко ми е кога мислам на нив. Страшно е тоа што толку добри луѓе заминаа засекогаш. Се потресувам кога ќе слушнам дека некој од нашите актери починал. Умирам од тага. Поради овие последни заминувања на актерите од Ателјето 212 ми е срам што се уште сум жива. Сите заминаа, а мене овде ме оставија, вели Мира Банјац 

 

 

 
 
06.04.2016 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега