Шокантно предвидување: За 20 години сексот нема да постои!

 

Професорот Хенри Гринли од универзитетот Стенфорд, вели дека разменувањето нежности помеѓу мажите и жените наскоро целосно ќе исчезне.

Вештачкото оплодување прераснува во една комфортна практика на создавање потомство. Голема е веројатноста дека ќе имате близнаци, можете да го изберете полот на детето, ви гарантираат дека ембрионот е здрав и така натаму. Меѓутоа, што се случува со оној природниот начин за размножување на човештвото?

За дваесет до четириесет години , кога одреден пар ќе посака да има дете, мажот ќе донира сперма, а жената, делче од кожата, објаснува Гринли. Потоа примерокот од кожата ќе се искористи за создавање матични клетки, од кои ќе се направи јајце. По оплодувањето, настануваат многу ембриони, а брачните другари ќе може да го изберат ембрионот кој ќе биде нивното идно дете.

Сите ќе се тестираат за различни болести и аномалии. “На идните родители ќе им објаснуваат дека, првиот и вториот ембрион се болни од таа болест и нив не ги сакате, а овие два се добри, па можете од нив да бирате”, вели професорот

Исто така родителите веќе почнаа да го одбираат полот на своите деца, а наскоро ќе може и да го одбираат изгледот и интелигенцијата на детето, тврди Гринли.

 
 
04.04.2016 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега