ФОТО: Македонката која го живее сонот

 

Ивана Чолаковска е Македонката која го живее сонот. Таа заедно со нејзното момче Ману патува околу светот со мотор. Нејзината авантура започнала уште од 2013 години и досега има поминато 40 земји и 5 различни континенти. 

Ивана Чолаковска од сето ова испраќа силна порака до младите, еве што порачува таа

- Не се измамувајте, кога нешто ви буди љубопитност не дозволувајте да ви кажат дека тоа не е за вас и како треба да постапувате. Подобро запознајте се со непознатото и  дознајте од самите себе. Денес, кога ќе го вклучите телевизорот светот наликува во опасност и дека наскоро се ќе искчезне и заврши. Каде што луѓето од различни раси и вери се мразат едни со други и се обидуваат да се елиминираат. Нај интересно нешто е тоа што кога ќе ги отстраните сите пречки на системот кој не сака да си заминеш од дома, кога ќе одлучите да одите лично да се запознаете со овие места и непознати луѓе првото нешто со што ќе се сретнете се непознати луѓе кој ќе ти ја отворат вратата и ќе ти кажат добредојде подготвени да ти пружа рака на долгиот пат. Будисти,  муслимани, христијани, црна, бела или жолта боја, кој само му даваат шаренило на човештвото, илјадници различни јазици и традиции, но сите со иста цел, да биде среќени, вели ИванаЗа две недели ќе заокружиме 3 години патување околу светот и секој ден сум се повеќе убедена дека светот може да биде подобар. Без разлика низ колку тешкотии поминуваме, секогаш на крајот на денот кога завршуваме во друштво на некоја прекрасна фамилија и се исполнуваме со надеж.

 

 Таа на социјалните  мрежи Инстаграм  и Фејсбук  секојдневно објавува фотографии од нејзината авантура со нејзиниот сакан Ману. 

 

 
 
01.04.2016 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега