Ослободете се од мигрената за 5 минути

Зошто да се „труете” со лекови против болки и да трошите пари, кога самите дома, од сол и лимон, за 5 минути можете да направите ефикасно средство против главоболка предизвикана од мигрена.
Луѓето кои патат од мигрена знаат колку непријатна е таа болка. Мигрената може прилично да ви го загорчи животот, а некогаш е дури и отпорна на лекови против болка. Меѓутоа, постои метод кој им помага речиси на сите луѓе.
Станува збор за метод од традиционална медицина, кој моментално ја неутрализира болката (во рок од неколку минути), но има малку непријатен вкус.
Оваа напивка за лечење на мигрена е многу едноставна – се’ што ви е потребно е хималајска сол, лимонов сок и малку лимонова кора.
Како прво, треба да одберете добра сол со висок квалитет. Најдобро е да користите хималајска кристална сол, затоа што е збогатена со минерали (може да се купи во продавници за здрава храна или поголеми супермаркети). Оваа сол содржи дури 84 елементи! Таа може да ве спаси од главоболка, мигрена, да го зголеми нивото на серотонин во крвта, да го зајакне имунитетот и да ја нормализира кисело-алкалната рамнотежа во организмот.
Значи, она што треба да го направите е да исцедите сок од два лимони, да изрендате малку кора од (непрскан) лимон и во тоа да додадете две кафени лажички хималајска сол. Промешајте, префрлете го напитокот во поголем сад и во него додајте чаша вода (два децилитри). Напивката измешајте ја и испијте ја во една голтка.
Вкусот е непријатен, но оваа напивка делува за неколку минути.
Важна напомена: Доколку страдате од висок притисок, прво консултирајте се со експерт пред да се одлучите за овој третман.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









