Паника во СДСМ: „Фантомите“ не ја завршија работата - како да се побегне од изборите?
Главниот мотив на ваквата операција, освен оправдувањето за претходните изборни порази беше и да се оправда стравот на СДСМ од избори на нивно барање и одложување на истите. Членовите во ДИК на СДСМ беа свесни дека нивната приказна е само кула од карти која ќе се распадне во моментот кога списокот на лицата кои Заев ги прогласуваше за фантоми ќе биде објавен на страната на ДИК.
Според наши извори, членовите на ДИК од СДСМ жестоко се противеа на овој предлог иако практично се работи за објавување на истите податоци од избирачкиот список кои веќе еднаш на јавноста и беа ставени на увид. Во жестоката расправа членовите на СДСМ на моменти ги рафрлале и фотељите на кои седеле во салата. Тие се противеле жестоко на објавувањето на податоците и покрај тоа што ДИК има обврска да ги информира граѓаните кои ќе бидат предмет на теренска проверка, за што впрочем и Државната изборна комисија отпочна кампања.
Ако во нешто беа право членовите на ДИК од СДСМ е дека за само неколку часа се урна кулата од лаги која во изминатиов период ја градеа Заев и неговата партија. Опозициските медиуми во уште еден обид за спас на Заев и СДСМ, откако се виде дека нема фантомски гласачи, панично удираат по ДИК пишувајќи дека Државната изборна комисија ги етикетира гласачите и создава привидна транспарентност.
Чудно е како медиумите на СДСМ немаа никаков проблем кога беше објавен комплетниот избирачки список. И на него, како и на овој список со неконзистентни гласачи беа објавени имиата, презимињата и адресите на граѓаните. Но тогаш, за разлика од сега, директивата од Бихаќка беше да се вадат што е можно повеќе имиња. Денеска, тоа не е во корист на партијата бидејќи покажа како опозицијата се избламира пред македонските граѓани кога обвини дека пстојат 500.000 фанотми.
По објавувањето на списокот на сите на бихаќка им станало јасно дека избирачкиот список нема да може да се користи како причина за одложување на изборите. во таква состојба се очекува Заев да бара друг начин за да побегне од изборите закажани на 5 јуни, бидејќи и тој а и сите во СДСМ се свесни дека ги чека нов, десетти по ред иборен пораз кој ќе ги прати во политичката историја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа