Напишал писмо до поранешното момче на неговата девојка - Го споделиле повеќе од 20 000 луѓе

Жените од целиот свет полудеа кога го прочитале писмото кое едно момче го напишало на поранешниот дечко на својата девојка. Писмото открива толку многу за неговата девојка што на интернет се шири како шумски пожар, па дури и од Фејсбук „скокна“ на Твитер. Неговите зборови ги прочитале дури 60.000 луѓе и стиснале лајк, а го објавиле преку 20.000 други.
„Момче, кое ја остави да си замине, ти благодарам. ти благодарам што ја остави, што си замина од нејзиниот живот. Ти благодарам што ми даде можност да ја сакам. Можност да се обидам да ја направам среќна. Да ја имам покрај себе.
Ти благодарам што ја повреди. Да не ја повредеше, никогаш немаше да научи. Јас ќе се потрудам никогаш да не ја повредам. Мене ме боли кога таа плаче.
Ќе ги направам сите оние работи кои ти не си ги направил. Ќе и бидам утеха, кога е осамена. Ќе биде мојот прв приоритет, а не само една од можните опции. Ќе ја слушам што зборува, дури и да зборува глуости. Ќе и посветам внимание, дури и кога тоа нема да го бара од мене.
Јас ќе се грижам за девојката која ти не знаеше да ја цениш. Ќе ја љубам девојката која ти ја зеде здраво за готово. Јас ќе ја љубам таква каква што е, и поради се што сака да стане.
Ќе бидам нејзин партнер каков што ти не успеа да бидеш. Момќе кое никогаш нема да ја повтори твојата грешка и човек кој никогаш нема да ја изневери.“
Писмото наишло на на позитивни и хумористични коментари, а многумина му честитале на авторот.
„На крајот од тунелот, сепак е светло“, бил еден од подобрите коментари, а го напишала...жена!
29.03.2016 - 16:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









