Еве зошто мобилниот не треба да го носите со вас во тоалет

Сите барем еднаш со себе во тоалетот сме го понеле мобилниот телефон, а не сме биле свесни колку е тоа лошо.Пред се, одењето во тоалет со мобилниот е лоша навика со која можете себе и другите да ги заразите со салмонела, ешерихија и други бактерии, пишува Б92.
Главниот проблем настанува доколку се избришете и го фатите телефонот пред да ги измиете рацете. Интересно е тоа што и ако го оставите телефонот покрај вас, тој може да биде изложен на бактерии.
Доколку сепак не сакате да се одречете од навиката, медицинските експерти советуваат барем да превземете одредени мерки.
- Додека седите на шољата, држете го мобилниот со десната рака. Кога ќе сакате да се избришете, телефонот префрлете го во левата рака, со десната избришете се и пуштете вода. Потоа изнесете го телефонот па потоа вратете се да ги измиете рацете, советува докторката Лиса Окли, експерт за хигиена и додава дека е многу важно да водите сметка за тоа што допирате.
- Доколку веднаш по вршењето нужда и бришењето го земете телефонот, не треба ни да се трудите да ги измиете рацете бидејќи бактериите кои сте ги пшренеле на телефонот, повторно ќе ви се најдат на рацете. Тоа можат да бидат ваши бактерии, но и туѓи односно на личноста која претходно го користела тоалетот, заклучи докторката Окли.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









