Лепа Брена прави журка на местото каде е убиен Аркан - се огласи и Цеца
![]()
Светлана Ражнатовиќ Цеца ја одби понудата на Лепа Брена да го прослави полнолетството на нејзиниот син. Пејачката не сакала ни да чуе за прославата во хотелот каде пред 16 години го убија таткото на нејзините деца. Синот на Брена едвај го убедил Вељко Ражнатовиќ да дојде на неговата прослава бидејќи се добри другари.
Наследникот на Цеца се колебал дали да оди на прославата на својот пријател, со оглед на тоа дека неговата мајка не сака да стапне на местото каде го убија нејзиниот сопруг. По двоумењето, Вељко ја прифатил поканата во знак на пријателството, додека Цеца останала децидна дека нема да стапне на местото каде загина Аркан.
- Децата на Брена и Цеца се добри другари, блиски се уште од мали. Вељко се колебаше, но се реши да оди на роденденот кој му е важен на другарот, додека Цеца не попушти, вели извор.
Поканети се околу 350 лица, по пат на СМС порака.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









