Животната драма на Анабела: Пејачката раскажува за пеколната болест

Пејачаката Анабела Атијас е само една од многубројните познати личности која успеала да се излекува од рак на дојката. Имала само 19 години кога го оперирала туморот на дојката, за што не сака многу да зборува.
- Во Шведска според закон е пропишано дека жените постари од 30 години мораат да одат на преглед на мамографија, а јас се дружев со девојки на таа возраст кои зборуваа за тоа. Така една вечер откако се вратив од град додека се туширав ја напипав дојката и веднаш ме фати паника, ја разбудив мајка ми и утредента веднаш заминавме на лекар, во рок од два дена веднаш ми направија биопсија и операција. неколку месеци бев на хормонска терапија од која успешно се опоравив бидејќи туморот е откриен на време, се помина без никаква последица, рекла пејачката.
После операцијата веднаш останала бремена, но не можела да ја дои својата ќерка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









