ВМРО-ДПМНЕ се занимава со отчетност и проекти, Заев и Јанева со деструкции, негирање и рушење на уставниот поредок
Лидерот на СДСМ и Специјалната јавна обвинителка не го признаваат македонското Собрание.

Заев и Јанева го негираат највисокиот орган и извор на државноста терајќи свои деструктивни сценарија.
Негирањето на Собранието претставува и негирање на македонскиот народ.
Заев и Јанева не веруваат во институциите, но народот им покажа дека тој не верува во нив.
Последната анкета на „Павел Шатев“ јасно покажа дека граѓаните добро ја процениле ваквата состојба и го оценија однесувањето на Заев и Јанева. Ниту политичарот ниту обвинителката немаат доверба од страна на македонската јавност.
Еве ги резултатите од анкетата:


Граѓаните не и веруваат на Јанева
Дури 64,3 проценти од испитаниците немаат доверба во работата на Катица Јанева и специјалното јавно обвинителство, а 67,8 проценти сметаат дека обвиненијата за одредени функционери на власта не се издржани. Високи 88 проценти од испитаниците велат и дека истите тие обвиненија на специјалното јавно обвинителство за одредени функционери на власта, нема да влијаат на одлуката за кого ќе гласаат на изборите.
| Дали имате доверба во работата на Катица Јанева и специјалното јавно обвинителство ? | |
| Процент | |
| Немам доверба | 64,3 |
| Да, имам доверба | 23,4 |
| Нема одговор | 12,3 |
| Вкупно | 100 |
Граѓаните избраа дела и проекти, а не деструкција
Додека Заев и Јанева се однесуваат вака, ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните го презентираа најобемниот отчет за сработеното. Отчетот содржи над 3500 реализирани проекти.
Повеќе часови министри и директори од владејачката партија говореа за низа проекти од кои добробит имале огромен број на граѓани.
Поради ваквата состојба е сосема јасно зошто СДСМ не сакаат да има избори во Македонија. Изборите ќе бидат завршеток на кризата која тие ја наметнаа, а свесни се дека на истите ќе се соочат со пораз.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









