Безопасна состојка во фризерски салон и го направи животот пекол

Фитнес блогерката Чемис Армстронг има 35 години и практикува конзумирање здрави намирници и користење козметика без хемикалии. И покрај тоа, добила силна алергија на прв поглед од безопасна состојка.
Чемис на својот Јутјуб канал, на Инстаграм и Фејсбук обично дели совети за вежбање, здрава исхрана и природна козметика, а по ужасната алергија од к’на за фарбање на косата одлучила да ги предупреди другите жени да не наседнуваат на приказните за сосема природни козметики.
Таа била свесна за својата алегија на ППД (Paraphenylenediamine), честа состојка во фарбите за коса и поради тоа внимателно бирала начини на фарбање со минимално присуство или без хемикалии. По посета на фризерски салон во Тексас ја советувале да користи природна к’на.
Многу брзо по третманот темето почнало да ја чеша, а лицето да и отекува. Очите потполно и се затвориле и не гледала цели два дена, а докторот се плашел алергијата дека може да влијае и при дишењето.
За среќа тоа не се случило, а по девет дена почнала да личи на самата себе. За среќа, повеќе не чувствува болка и апелира до другите жени: „Не треба да им верувате на луѓето ако ви кажат дека нешто е сосема природно“.
Освен отеченоста, додала и дека кожата и се лупела и дека сега и е приоритет повеќе да внимава на себе.
21.03.2016 - 23:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









