Напревете сами: Домашен мелем со кој ќе изгледате помладо

Сигурно сте забележале дека има жени кои изгледаат 10 или 15 години помлади, а притоа не подлегнале на некакви хируршки интервенции.
Една од нив ја открива својата тајна за продолжена младост. Таа тврди дека откако почнала да го користи овој еликсир, ѝ се подобрил видот (од -3 на -1), кожата ѝ станала мазна и еластична на целото тело, а косата погуста. И што е најинтересно, косата која почнала да ѝ белее, престанала!
Потребни состојки:
- 100 ленено масло
- 2 средни лимони
- 1 голема главица лук
- 0,5 кг мед
Начин на подготовка:
- Исчистете го лукот и заедно со 1 неисчистен лимон и 1 лимон без кора ставете ги во блендер.
- Сомелената смеса помешајте ја со медот, додадете го лененото масло и повторно сè изблендајте.
Начин на чување:
Чувајте ја смесата во фрижидер во затворена стаклена тегла.
Начин на конзумирање:
Конзумирајте 3 пати на ден по 1 лажичка половина час пред јадење.
Како делува оваа смеса на подмладување на организмот?
Лененото масло е растителен хормон, ленот содржи линолна (омега-6), олеинска (омега-9) и палмитинска масна киселина, а повеќе од половина од мастите кои се содржани во ленот се алфалиноленска киселина (омега-3), што ова масло го прави најбогат извор на омега-3 масни ксилени (дупло повеќе отколку што има во рибиното).
Маслото од ленот е исто така најбогат растителен извор на растителни лигнани, важни антиоксиданси, кои во комбинација со лимонот ги чистат црниот дроб и жолчниот систем.
Витаминот Ц од лимонот е совршен антиоксиданс, го јакне имунитетот и крвните садови.
Лукот чисти од паразити и ги прочистува крвните садови, додека медот носи нутритиенти, односно микроелементи во крвта кои го обновуваат и подмладуваат целиот организам.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









