ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно бара алиби за одложување на изборите

 

На СДСМ нема да им успее последното сценарио со кое сака повторно да бара алиби за бегање од избори, за одложување на изборите или за непризнавање на резултатите, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, на сите им се јасни лагите на СДСМ и измислиците и конструкциите кои оваа партија постојано ги прави, празните изговори и обиди на СДСМ по секоја цена да се саботира функционирањето на државата. На ова, како што се наведува, крајот му доаѓа на 5-ти јуни.

Фантом, како што стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, е членот од секое семејство кој што Радмила Шеќеринска и СДСМ излажаа дека ќе го вработат, фантомска е пругата што СДСМ не ја изгради кон Бугарија, фантомска е индустриската зона Сачево во Струмица во која нема ниту трага ниту глас од 3.000 вработувања во 300 капацитети кои ги вети Заев.

- Не се фантоми половината милион Македонци кои не ја поддржуваат политиката на деструкција, манипулација и фабрикување афери на СДСМ, единствената активност на оваа партија со години наназад. Не се фантоми граѓаните кои девет изборни циклуси по ред му ја даваат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ кое работи и реализира илјадници реални проекти во интерес на граѓаните и кои доставуваат сметка и казна за СДСМ затоа што освен деструктивните сценарија со кои се труди земјата да биде во континуирана криза, нема што да понуди пред граѓаните, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

 
 
21.03.2016 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега