Во сабота Скопје во мрак

Оваа сабота Скопје ќе биде дел од акцијата „Часот на планетата Земја“ – најголемата светска волонтерска акција која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во времетраење од еден час да испрати силна порака за спас на планетата. Мотото на глобалната акција оваа година е „Заблескај светлина на климатските промени“.
Акцијата „Часот на планетата Земја“ ќе трае од 20:30 до 21:30 часот со исклучување на илуминацијата на следниве локации во центарот на градот:
– Улицата Македонија,
– Палатата „Пелистер“,
– Ристиќевата палата,
– Камениот мост,
– Скопската тврдина,
– Паркот „Жена борец“ и спомениците,
– Плоштадот „Филип Втори“,
– Мостот „Око“ и
– Мостот на уметноста.
Ова глобално еколошко движење е креирано од WWF (World Wildlife Fund), а поддржано од Обединетите Нации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









