Куче спаси живот на дете, ја разбудило мајката кога му паднало нивото на шеќер во крвта

Било тоа сред ноќ, алармот на часовникот не заѕвонел па Дори Нутал не го проверила нивото на шеќер во крвта на својот 7-годишен син, дијабетичар. Ситуацијата набрзо станала многу опасна по животот на малото момче, но сепак очите на нивното куче, црниот лабрадор Џеди останале будни.
Џеди почуствувал дека нешто не е во ред со Лук и скокнал на креветот на неговата мајка Дори. Легнал врз нејзе и почнал да лае додека не се разбудила. Таа се разбудила, веднаш земала примерок од крвта и открила дека нивото на шеќер во крвта му е на многу ниско ниво.
"Иако Лук спиеше покрај мене, не знаев дека нивото на шеќер му е толку ниско и дека животот му е загрозен. Да не беше Џеди, се плашам да помислам како би можело да заврши", напишала под потографијата, заблагодарувајќи се на Џеди.

Во нивното семејство никој нема дијабетес, па Дори сеуште учи како да го држи под контрола нивото на шеќер во крвта на Лука. Џеди е куче трагач, но не оној вид кој трага по криминалци, туку за да препознае специфичен мирис кога шеќерот во крвта ќе падне или се зголеми на опасно ниво.
Дресиран е во таквите моменти да реагира така што на Дори ќе и однесе посебна играчка.
Доколку нивото е ниско, Џеди легнува и ја спушта играчката на тлото, доколку е високо нивото тој мавта со играчката.
"Реакциите на Џеди му помагаат на Лук во многуте проблеми. Покрај тоа, Лук не се чуствува осамено. Тие се најдобри пријатели", рекла Нутал.
16.03.2016 - 21:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









