Производител на тутун призна: Знам што произведуваме, затоа јас и мојата фамилија не пушиме

Како поскапуваат цигарите, така тутунот се промовира како поздрав и поефтин, па се поголем број луѓе почнуваат да го користат.
По правило тутунот би требало да биде поздрав, меѓутоа во денешно време тешко е било што да направиш без отрови па така и тутунот. Еден производител ги кажа сите отрови кои ги користи во производството.
-Кога тутнот е мал го прскам против коров со кломазон, после со физиотропи, третото прскање е со средства кои го стопираат растењето на стеблата, така што листот се здебелува за да добие на килажа. Сите тие отрови продираат до билката, листот тоа го впива и луѓето кои пушат се трујат. Никој во мојот дом не пуши затоа што знам што произведувам, тоа жив отров, вели тој.
На прашањето што би било кога тутунот не би се прскал, кажа дека постојат многу лоши работи што тутунот би пропаднал
- Листот не би имал ни килажа ни квалитет, вели тој, додавајќи дека, цената на фабричките цигари секоја година е се поголема и поголема, па многу се вртат кон купувањето тутун кој на пазарот доаѓа без никакви контроли
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









