Зголемете ги усните без пластична операција и силикон

Ако немате полни и големи усни или ако тие со годините го изгубиле волуменот, придржувајте се на паметните совети на шминкерите и изгледајте одлично и без силикон.
Купете лут сјај
Никогаш не ставајте мат кармини, ниту темни. Бирајте по свежи бои. Сјаевите се најдобар избор затоа сами по себе визуелно го зголемуваат волуменот на усните. Постојат и лути сјаеви, од кои кожата на усните навистина малку се зголемува.
Ставајте балсам
Балсамот е одличен за сите ситуации во кои не сакате да се шминкате, а повторно сакате да изгледате убаво. Само намачкајте го на претходно пилингуваните усни и тие моментално ќе изгледаат пополно. Балсам ги освежуваат и хидрираат усните, давајќи им природно сочен изглед.
Бело моливче
Комбинацијата со бело моливче и сјај за усни е веројатно најефективен шминкерски трик за зголемување на усните. Првото нанесети бело моливче на средниот дел на горната и долната усна, па размачкајте ја со прст за не биде остра. Користете меко моливче, а можете и да користите кремасто бела сенка за очи. На крај нанесете сјај, без разлика дали безбоен или во боја.

Пред моливчето - коректор
Пред да ги нацртите усните со моливче, прво намачкајте тенок слој коректор во боја на вашиот тен. Потоа надворешниот дел од ивицата на усните дефинирајте го со моливчето за усни кој е за нијанса посветол од карминот кој го користите.
Правете пилинг со цимет
Редовен пилинг доста ќе го поправи изгледот на вашите усни затоа што ќе тргне сувата и испукана кожа. Со самото тоа вашите усни ќе добијат подобра боја. Еден од најдобрите домашни начини е пилингот со цимет. Измешајте лажица шекер, лажица цимет и лажица кокосово масло. Оваа смеса нежно намајкајте ја по усните, оставете пет минути да делува, а потоа измијте ја со топла вода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









