Судбина или не: Како животот си поигра со двајцата пријатели во трагедијата во Турција (ФОТО)

 

Фотографијата на двајцата насмеани пријатели која се појави на социјалните мрежи, стана симбол на трагедијата, која ја погоди Турција со бомбашките напади во Анкара.

На фотографијата се двајца пријатели од детството кои загинале во два одвоени терористички напади во Турција.

Озанкан Акус закина со уште 36 лица во страотната експлозија која во неделата ја потресе Анкара. Неговиот пријател Али Дениз Узатмаз исто така загина во напад на бомбаш самоубиец, но во оној кој се случи во главниот град на Турција во октомври минатата година, во текот на мирните демонстрации.

Тогаш Озанкан на социјалните мрежи за својот пријател напиша:„Засекогаш ќе живее во нашите срца“, за само неколку месеци подоцна и самиот да го изгуби животот на истиот начин.

Сега на неговите профили на социјалните мрежи луѓето оставаат многубројни пораки.

„Кој би рекол дека на двајца пријатели ќе им се случи истата судбина“ – стои во еден од постовите на профилот на Озанкан.

 
 
15.03.2016 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега