Домашен ликер од портокали - подгответе го сами
Овој ликер со заводлив вкус многу лесно се подготвува, но ќе треба да почекате малку подолго за да го пробате.

Состојки:
1 литар рум
4литри бело вино
700 гр шеќер
12 портокали
2 лимони
2 ванила стапчиња
Подготовка:
1.Портокалите и лимоните, добро се мијат и се сечат.
2.Во голем сад ставете го виното, шеќерот и румот. Промешајте додека не се стопи шеќерот. Додадете ги портокалите и стапчињата ванила и добро промешајте. Затворете го садот и чувајте на ладно и темно место.
3.Секои седум дена промешајте го ликерот.
4.Оставете го да отстои 40 дена. Потоа, процедете го и прелејте го во шишиња, и оставете го на ладно место уште неколку месеци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









