Тепање и малтретирање до болка - Ќерката на Балашевиќ проговори за насилството во нејзината врска

 

Јелена Балашевиќ, ќерката на славниот Ѓорѓе Балашевиќ, прв пат јавно проговори за тешката несреќа која ја преживеала, односот со татко и силувањето кое го трпела во нејзината врска. 

Бев повредена од глава до пети, лекарите се надеваа на многу мали шанси за повторно да станам на нозе, но јас сепак проодев.

Судбината ме испрати во автомобил на дечко кој дипломираше таа вечер. Не можеше да ми помогне ни скапа операција или лек, единствено нешто кое ме спаси беше волјата и љубовта во неограничена количина од моите родители.

Јелена проговори и за нсилството во нејзината врсна, стискање за рака, буткање во ѕид, навреди... Потоа следеа солзи и ветувања дека нема да се повтори. Никогаш никој не ме навредувал толку како човекот кој го сакав повеќе од себе. Неможев да увидам дека тоа нема да се промени... Дури кога добив врел шамар, одлучив да заминам.

Срамот ми доаѓаше од помислата дека никогаш не сум била удрена од моите родители ниту биле строги у груби према мене. Мојот татко даваше се од себе да ме заштити, а јас дозволував некој да ме малтретира.

- Ги предупредувам сите жени, на насилството му нема лек. Насилникот никогаш нема да се смени. Верувајте дека има многу љубов на светот, чекајте го вистинскиот маж на кого нема да му падне на памет да крене рака на вас!

 

 
 
14.03.2016 - 22:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега