Пристигнува вакцина против пушење

 

Утре дефинитивно престанувам да пушам! Или можеби сепак од понеделник? Колку пати само сте ги изговориле овие реченици? И тогаш ќе дојде тој „одбран ден“, вие нема да запалите цигара два часа, ќе земете никотински гуми за џваќање, ќе залепите фластер против пушење и веќе со второто кафе ќе испушите неколку цигари.

Тешко е да се откажете од пушењето, тоа го знае секој пушач, но изгледа дека во иднина и оние кои имаат недоволно силна желба, ќе можат да се пресметаат со овој ужасен порок.

 

Бидејќи, најновата вест од Америка гласи – на праг сме да откриеме вакцина против никотинска зависност!

 

Научниците од Институтот во Калифорнија измислиле вакцина која го намалува дејството на никотинот на мозокот.

 

Таа го зголемува бројот на антитела кои се прицврствуваат за молекулите на никотин и  ги одложуваат неговите ефекти.

 

Иако во две клинички испитувања вакцината не ги дала посакуваните резултати, научниците сега имаат идеја како да ја направат ефикасна.

 

Откриено е дека поединците кои имале највисоко ниво на антиникотински антитела имаат поголема шанса засекогаш да останат „поранешни пушачи“.

 

Тестирањето на новите вакцини спроведено на лабораториски глувци, покажало дека тие го одложуваат ефектот на никотин во првите десет минути од вризбигувањето, а глувците кои примале терапија имале и пониско ниво на никотин во мозокот.

 

Ако делуваат на глувците, еден ден би можеле и на луѓето. Се надеваме дека тоа ќе се случи што поскоро.

 
 
14.03.2016 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега