Нови измени на Фејсбук - конечно го дочекавме ова

 
Ако ви одат на нерви нотификациите кои се појавуваат на Фејсбук штом некој од вашите пријатели или група која ја пратите почне со „live stream“, сигурно ќе ви се допадне оваа информација дека наскоро ќе може да се исклучи.
 
До сега овие нотификации не беа во можност да се исклучат, но познатата социјална мрежа потврди дека работи на опција која ќе го овозможи тоа.
 
- Почнавме со работа на нова опција која на корисниците ќе им овозможи да ги исклучат сите „live“ нотификации од менито за подесување на истите. Опцијата наскоро ќе биде достапна за сите корисницина Фесбук, истакна портпаролот на познатата компанија.
Се очекува оваа можност да се појави во наредните неколку недели.
 
 
12.03.2016 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега