Зошто е добро да се замрзне лимон?

Новата научна студија покажа дека лимоноидите, природни соединенија присутни во лимонот и другите агруми, превенираат и енергично го стопираат развојот на канцерогените клетки, особено од ракот на дојка.
Научниците нагласуваат дека ништо од лимонот не треба да се фрла, ниту лимоновото месо, ниту семенките, а посебно не кората! Лимоновата кора содржи од 5 до 10 пати повеќе витамини отколку самиот лимонов сок.
Покрај антиканцерогеното делување, целиот лимон помага при ослободување на телото од токсини, има антимикробно дејство против бактериските инфекции и габички, ефикасен е против интерните паразити и црви, го регулира крвниот притисок, делува како антидепресив, и е одличен во борбата против стрес и нервни пореметувања.
На следниот начин можете да уживате во целовитиот вкус на лимонот, особено на неговата кора, и не само поради здравствени причини, туку од задоволство на непцата.
Едноставно е: Земете домашен, непрскан лимон, добро измијте го и ставете го во замрзнувач (цел, или исечен на парчиња).
Кога лимонот ќе замрзне, извадете го и изрендајте го!
Потоа можете да го наросите врз салата, сладолед, супа, житарки, омилен пијалак или што било друго.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









