Овој десерт го лекува срцето

 

По препорака на доктор Оз, консумирањето на јаболка и темна чоколада претставува „суперхрана“ што е добра како лек за превенција на болестите на срцето и крвните садови.

Имено, јаболкото, а посебно нејзината кора, го содржи соединението керцетин, што има својство да ги спречува внатрешните воспалувања на крвните садови.

Оваа особеност може да се засили со флавоноиди, кои што ги има во темната чоколада, а кои што се силен антиоксиданс. Според студиите, здружени во оваа комбинација, антиоксидансите од јаболкото и темната чоколада значително го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и го спречуваат затнувањето на крвните садови.

Комбинацијата се однесува на неизлупените, по можност непрскани јаболка и темната чоколада со висок процент на какао.

Затоа немојте да се двоумите да го подготвите овој десерт, затоа што ова е една од ретките прехранбени комбинации што е мошне вкусна, а истовремено има и значајни ефекти за здравјето.

Рецепт:

Јаболката исечете ги на парчиња и натопете ги во темна чоколада стопена на ниска температура. Почекајте чоколадата да се олади и да се стврдне, а потоа уживајте.

Секако јаболката можете да ги декорирате со сечкани ореви, бадеми или со декоративни трошки – се зависи од вашата фантазија.

 
 
08.03.2016 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега