ВМРО-ДПМНЕ: Ниту можеме, ниту сакаме во име СМК да преговараме со било кого
Во врска со шпекулациите дека ВМРО-ДПМНЕ почнало некакви преговори со ДУИ, и дека наводно било договорено на местото каде треба СМК да изгради крст да се изградел некаков парк на толеранција или некаков друг национален симбол, објавуваме дека ВМРО-ДПМНЕ ниту може, ниту сака во име СМК да преговара со било кого, вклучувајќи ја и ДУИ, се вели во денешното соопштение на партијата.
во продолжение интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ го осудува вандалскиот и насилничкиот однос на поединци од ДУИ од средата и четвртокот минатата недела. ВМРО-ДПМНЕ го повикува Оливер Спасовски да престане да бега и да се крие и конечно да почне да го работи тоа за кое што е платен, да издаде наредба МВР да почне постапки против лицата кои имаа незаконско однесување и да овозможи спроведување на законот. Го повикуваме Оливер Спасовски да има ист третман кон сите граѓани на државата. Во средата и четвртокот Оливер Спасовски направи тешки гафови и со несоодветно и нестручно работење остави толпата да ја превземе правдата во свои раце, да пали, да урива и да узурпира, со што предизвка многу проблеми.
Оливер Спасовски треба да овозможи непречено одвивање на сите работи кои се согласно законот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа