ВИДЕО: Со кого би оделе на вечера? Децата ги посрамотија своите родителите со одговорите

 

Децата и родителите учествуваа во еден едноставен експеримент во кој им беше поставено по едно прашање. Со кого би сакале да излезете на вечера? Така гласеше прашањето на кое родителите и децата одговорија потполно различно.

Она што е магично во овој експеримент беа одговорите на децата. Родителите на прашањето главно одговорија дека би сакале да одат на вечера со некоја Холивудска ѕвезда и музичка икона. Децата, од друга страна дадоа одговор со кој ги посрамотија своите родители, а некои и расплакаа.

Наместо вечера со Џастин Бибер, Кајли Миног или некоја друга ѕвезда, овие деца одговорија дека би сакале да одат на вечера со мајката и таткото. Дека би сакале сите заедно да седнат на иста маса. Како уживаат во разговорите кои ги водат, додека сите вечераат заедно.

-Не мора да биде некоја славна личност. Може да биде и мојата фамилија, одговори едно од децата.

-Тие само сакаат да бидат со нас, што е навистина убаво, вели една мајка.

-Ние сме им над се, додаде низ солзи друга мајка.

 

 

 

 
 
03.03.2016 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега