Кога бебето е спремно за првата прошетка?

Кое е најдоброто време за првото излегување од домот на новороденчето? Треба ли да се чекаат оние 40 дена кои ги чекаат родителите кај нас за ислегубањето од дома на своето бебе? Ако пораѓањето е со царски рез не треба да се брза со прошетките, но доколку е се во ред, времето е убаво, за првото излегување не треба да се чека толку.
На почетокот прошетката нека трае 15 минути, па постепено зголемете го времето на прошетката. Бебето може да го шетате и по сонце, но доколку го заштите кровчето од количката со чадор или нешто друго, посебно внимавајте сонцето да не и оди во очи.
Потребно е да го облечете бебето прикладно на временските услови и да го заштитите од ладно. Ако температурата е помала, прошетката нека трае пократко. Проверувајте ги рачињата и ноџињата на малото, да проверите дали му е ладно. Ако во зима обравчињата и носот малку им зацрвенат, не се грижете.
Силни врнежи, магла, невреме или силен ветар не се временски услови за излегување со бебето. Но ладното време, дури и температурите да се околу нула степени, не треба да биде пречка за прошетката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









