ВИДЕО: Крцкаво , вкусно и со многу пармезан - вистинскиот рецепт за вас

Уште ако го сакате пармезанот, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас...
Состојки:
● 900 гр бело месо
● 1 шолја матеница
● 2½ шолји презла
● ½ шолја рендан пармезан
● 1 лажица сол
● 2 мали лажички бибер
● 4 мали лажички лук во гранули
● 2½ мали лажички кромид во гранули
● 2 мали лажички зачинска црвена пиперка
Најпрво направете матеница така што во една шолја млеко ќе додадете една лажица сок од лимон. После десетина минути на собна температура млекото ќе почне да се згрутчува и вашата матеница ќе биде подготвена за употреба.
Потоа во чинија измешајте ги сувите зачни. Една мала лажичка од мешавината измешајте со матеницата, а потоа прелијте врз пилешкото месо. Оставете така да отстои 15 до 30 минути.
Во меѓувреме, презлата измешајте ја со пармезанот и преостанатите зачини. На крајот, секое парче пилешко месо извалкајте го во добиената мешавина и наредете на тавче на коешто најпрво сте ставиле хартија за печење.
Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 20 минути, со тоа што после десет минути ќе ги завртите на другата страна.
Послужете со омилениот сос.
Извор: Кармин
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









