Тито во листата на најголемите масовни убијци во историјата

 

Британски "Daily Mail" објави листа на најголеми масовни убијци на 20. век, а на листата се наоѓа и југословенскиот лидер, Јосип Броз Тито.

Светот во текот на 20 век бил сведок на смрт и масакри. Во векот на холокаустот се обележани и двете светски војни каде комунистите, нацистите, фашистите и воените диктатори убиле повеќе од 100 милиони луѓе.

 

На прво место се нашол Мао Це Тунг кинески лидер.

Кинескиот политичар и лидер на комунистичкиот режим, е најголемиот масовен убиец во историјата. Неговите жртви претежно биле Кинези. Неговото владеење довело до сиромаштија на огромен број на луѓе кои умирале од глад за време на неговиот "Голем чекор напред". а се проценува дека бројот на жртви изнесува 60 милиони.

 

Наследникот на Ленин, Јосиф Сталин.

Го заземал второто место на оваа листа. Земјоделската политика на Сталин довела до голема глад и масовно изгладнување во Советскиот сојуз. Сталин имал за цел ослободување од политичките неистомисленици, а метите често биле убивани или затворени во работни логори. Во тој период  бројката на загинати луѓе изнесувала 40 милиони.

 

Нацистичкиот лидер Адолф Хитлер го заземал третото место.

Најозлогласеното злосторство на 20. век се случило сонегов налог, а неговата суровоста и ден денес не престанува да ги шокира луѓето. Околу 30 милиони луѓе настрадале поради неговото настојување Третиот рајх да стане Главна светска сила.

 

На листата се наоѓа и белгискиот крал Леополд. Со 8 милиони жртви за време на колонизацијата на Конго, јапонскиот генерал Хидеко Тоџо, со 5 милиони јапонски жртви за време на Втората светска војна, отоманскиот лидер Енвер Паша, со 2 милиони убиени Ерменци, Грци и Асиријци, диктаторот на Камбоџа Поп Пот, со убиени 1,7 милиони политички противници, севернокорејскиот лидер Ким Ил Сунг, со 1,6 милиони мртви политички противници и цивили.

 

Југословенскиот лидер Јосип Броз Тито, лидер на Комунистичката партија на Југославија и претседател на СФРЈ, го заземал 13-тото место на оваа листа. За време на владеењето на Тито настрадале 570.000 политички неистомисленици.

Извор: Точка

 

 
 
02.03.2016 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега