Семејна трагедија: Мајка и бебе пронајдени мртви во стан

Србинка и нејзиното 5-месечно бесе биле пронајдени мртви во Беч. Безживотните тела на 27-годишната мајка и 5-месечното бебе, биле со потекло од Србија.
Полицијата ги пронашла двете тела во станот околу средина на месец февруари, и претпоставуваат дека починале околу 14-ти. Полицијата сеуште ја утврдува причината, но се сомнева дека мајката починала од предозирање, а бебето починало од глад.
Телата се пратени на обдукција за да се утврдат причините за смрт. Мајката била под надзор, бидејќи таа доаѓала на советување за родителство, но според нив мајката се грижела за детето и не го запоставувала.
Последната куќна посета била извршена на 28 јануари, а по 5 дена 27-гоишната мајка не се појавила на советување. Се обиделе а ја добијат и на телефон, но не одговарала. Два дена подоцна повторно се обиделе да ја добијат но ни тогаш не успеале. Последно им останало да мислат дека можеби отишла во Србија во посета кај роднините, и повторно ја побарале на 12-ти февруари но и тоа било безуспешно.
Два дена подоцна девојката и нејзиното бебе се пронајдени мртви во нејзниот стан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









