Барате работа? Внимавајте на профилната фотографија!

 

Најновите истражувања покажаа дека работодавците се повеќе го користат Фејсбук за да ги оценат кандидатите за работа.

Поточно, фотографијата од Фејсбук профилот има влијание на можноста за добивање на работа еднакво колку и фотографијата која кандидатот ќе ја приложи со својата биографија.

За да ги потврдат фактите дека фотографиите од Фејсбук профилот имаат влијание при вработувањето, научниците од Универзитетот во Гент спроведоа истражување.

Тие испратиле две илјади лажни пријави за работа, во кои ставиле линк од своите лажни Фејсбук профили. При испраќањето на пријавата за работа воделе сметка биографиите на кандидатите да бидат идентични во поглед на образованието и способноста, а разликата да биде само во атрактивноста на Фејсбук профилот.

Резултатот ги изненадил научниците, бидејќи лицата чии фотографии биле поатрактивни, поуредни, попримерни и слично, добиле за 40 проценти повеќе понуди за разговор за работа.

 
 
27.02.2016 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега